MKDNews.com

5-годишниот син на Ашер за малку ќе се удавел (видео)

август 07
18:14 2013

Пејачот Ашер во понеделникот доживеал вистински шок откако неговиот 5-годишен син завршил во болница поради повредите добиени на базен.

Малиот Ашер Рејмонд, син на 34-годишнито пејач и понатаму е во болница во Атланта, но неговата состојба е стабилна.

Несреќата се случила во базенот кој се наоѓа во дворот на нивната куќа, откако неговата рака се заглавила во одводот на базенот.

Момчето си играло во дворот, а го чувала сестрата на Ашер, неговата тетка. Играчката на момчето паднала во базен и се заглавила во одводот, по што момчето скокнало во базенот и се обидело да ја извади.

Раката му се заглавила во одводот и не можел да излезе на површината.

Откако не успеала да го извлече од водата, тетката на Ашер почнала да вика помош. Дотрчале работници кои биле во близина и го извлекле момчето ,и со вештачко дишење го вратиле во живот. Била повикана итна помош и синот на Ашер бил однесен во болница.

Оваа несреќа се случи една година откако загина неговиот 11-годишен посинок, син на неговата поранешна сопруга Тамака Рејмонд, кој беше прегазен во море од неговиот џетски.

Поранешна сопруга Тамака Рејмонд, утрово поднесе барање до судот да се преиспита одлуката за доделување на синот на Ашер.

Во продожение слушнете
го повикот на тетката на Ашер до итна помош.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment