4-годишниот Боби реизбран за градоначалник
Градоначалниците на мало гратче Дорсет во Минесота, се бираат на локален фестивал, каде за долар можете да го вметнете своето име во шешир од кој се вади хартија со името на идниот татко на градот. Во овој случај, по втор пат овој викенд четиригодишниот Роберт “Боби” Тафс е реизбран за градоначалник на гратче во Минесота, САД
Боби Тафс сеуште не тргнал во претшколска установа , но тој е веќе избран двапати како градоначалник на овој мал туристички град во северна Минесота.
Градоначалникот Тафс беше повторно избран во недела за време на годишниот фестивалот на храна да биде градоначалник на Дорсет за втор мандат.
Градот нема формална градската власт и има население од 22 до 28, жители во зависност од тоа дали министерот и неговото семејство се во градот. Според законите на градот секој може да биде избран за градоначалник ,но и секој жител на градот има право да гласа.
Боби го привлече светското внимение кога беше избран за градоначалник на само 3 годишна воздраст минатата година. Неговата мајка, Ема Тафс,вели дека нејзиниот син, кој ке полни 5 во октомври, бил изненаден кога неговото име беше извлечено во неделата.
Ема Тафс вели дека агендата на нејзиниот син вклучува собирање на пари за Добротворната организација Роналд Мекдоналд од Фарго, Северна Дакота .
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment