MKDNews.com

15 проценти од жените се алергични на сперма

август 10
05:39 2013

Според едно необјавено истражување спроведено преку Манчестер Метрополитен универзитетот, 15 во 100 жени се алергични на човечки сперма.

Ја имате ли вие оваа Алергија на сперма? Ви звучи чудно, неверојатно или можеби смешно, но е вистинито. Се јавува многу почесто отколку што научниците претпоставувале. Според последните истражувања, скоро 15% од жените имаат алергија на сперма.

Спермата според последните истражувања направени во Универзитетот Метрополитан е телесна течност која е многу по силен алерген отколку што досега се мислело. Скоро 15% од жените се алергични на сперма, а алергијата се манифестира најчесто на возраст од 20 до 30 години.

couple-love-sick-120214Алергијата на сперма не се изразува типично, па често не само пациентите туку ниту лекарите не ја препознаваат, дури не ни помислуваат на тоа. Алергијата на сперма многу често се меша со сексуално преносливите болести, а дава симптоми на печење при мокрење, благи болки, нелагодност и слично. Сепак кај некои жени може да се развие и анафилактичен шок, кој може да зааврши фатално велат научниците.
Доколку го имате овој проблем и вие, без грижа, лекарите не препорачуваат апстиненција, иако тоа логично би било најдобро решение. Се препорачува користење на кондом и што е можно повеќе избегнување на директен контакт со семената течност.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment