MKDNews.com

12 градежни парцели во новата населба Јака

август 01
18:38 2013

Општина Илинден објави продажба на уште 12 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“.

На заинтересираните овој пат им се нудат градежни парцели со големина од 385 до 561 метри квадратни. Почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратен, а пријавите за учество треба да се достават до 06 септември.
Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која се наоѓа на само 10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

Objava-Avgust-3_34-3_44

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.