MKDNews.com

12 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

август 10
20:10 2013

Делегации на Владата, на Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, како и претставници од здруженијата на бранителите денеска ги посетија спомен-обележјата во Касарната Илинден каде одбележаа 12 години загинувањето на припадниците на Армијата на Република Македонија кај Љуботенски бачила.

Историјата и спомениците бележат вкрстување на времиња и генерации, а тоа зборува дека нашите граѓани го негуваат споменот на хероите и им оддаваат почит на заслужните, беше истакнато на одбележувањето 12 години од смртта на бранителите.

Со комеморативна свеченост, положување свежо цвеќе и армиски почести, почит оддаде и општина Ѓорче Петров заедно со нивните семејства пред споменикот на Бранителите од 2001. од село Волково.

Здруженијата на бранителите ја поддржуваат иницијативата за нивно обединување. Се надеваат дека наскоро ќе се најде решение за нивните барања околу правата на повредените и семејствата на загинатитe.

– Нашето здружение најмногу се залага за обединување на сите здруженија. Ние сме во коалиција со осум здруженија од Република Македонија каде се и Прилепските бранители, бранителите од Куманово, Велес и други. Сега сме обединети со доаѓањето на нашиот херој Јохан Тарчуловски, со цел да ги оствариме нашите право од 2001 година. Здруженијата ќе се обединат со единствена цел да ги оствариме правата, изјави Виде Димитриевски од Здружението на бранители од Гостивар и член на претседателството на Здружението „Бедем“ по оддавањето почит на спомен-обележјето на бранителите од Љуботенски Бачила во Касарната Илинден.

– Ние се надеваме дека оваа Влада е патриотски расположена кон своите бранители и дека во текот на наредниот период ќе ги преземе потребните мерки и активности да го реши ова горливо прашање за сите припадници на бебезбедносните сили на Република Македонија, бидејќи тие беа единствена сила, ги оставија своите најблиски и отидоа да ја бранат својата татковина. Тоа што се случи на загинатите можеше да им се случи и на овие живите бранители. Државата на еден начин ги обесштети загинатите, но малку стори за живите бранители. Во секоја војна херои има живи, ранети и загинати. Затоа и овој дел заслужува внимание, барем за елементарните прашања, рече Ристо Ѓорѓиев, резервен старешина од Прилеп и член на здружението Прилепски бранители.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила, нагази на две противтенсковски мини. Животот го загубија 8 резервисти на АРМ од гарнизонот Скопје. Од тогаш па се до денес, болката кај нивните семејства е непреболена.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment