MKDNews.com

103 жртви во Јапонија поради големите жештини

август 15
11:47 2013

Најмалку 103 лица загинаа во Јапонија од почетокот на летото поради големите жештини, кои ги погодија повеќето делови на земјата.
Повеќе од 40.000 луѓе биле примени во болница како последица на топлотен удар. Јапонската метеоролошка служба соопшти дека јули оваа година бил најтоплиот во историјата на земјата. Оваа недела повторно беа регистрирани рекордни температури повисоки од 41 степени Целзиусови.

Поголемиот дел од загинатите се возрасни луѓе над 60 години. Многу од нив се задушиле во жешките соби во домовите кои останале без воздух. Јапонската влада ги повика граѓаните да не излегуваат на сонце, да ги вклучуваат клима уредите и да пијат многу вода

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment