MKDNews.com

„Златна зора“ запира автомобили да им каже “ја ослободиле Македонија“!!!

јули 28
18:11 2013

Ослободена Македонија – со ваков флаер и зборовите, Добродојдовте во грчката Македонија, златнозорците во неделата ги пречекуваа македонските туристи на двата гранични премини, Меџитлија и Богородица.„Добро дојдовте во грчката Македонија“,јавува Канал5.

„10 минути само. Тие што се Грци, може слободно да поминат, тие што се Скопјани ќе добиваат лепенка“.

„Македонија е грчка“ – скандираат Златнозорците.

Златнозроците најавуваат дека ова е само почеток, а во моменти кога и по една седмица нема реакција од властите, единствено солунскиот весник Македонија излезе со осуда, и насловна страна: Златна зора, закана за туризмот.

„Ваков вид на екстремизам сигурно е дека ќе бидат голем удар за туризмот во Северна Грција, каде што во овој момент се забележува зголемен бран туристи колку од ФИРОМ, толку и од балканските земји. Многу семејства од соседната земја, не ја криеа нивната загриженост, гледајќи ги групите Златнозорци да извикуваат слогани, навреди и закани “ – коментира солунскиот весник.

Тие, пренесуваат и реакција на министерот за Македонија и Тракија, кој вели дека никој нема право да ги замени властите, особено кога станува збор за чувствителни прашања поврзани со надворешната политика.

„Граничните премини се „излогот“ на Грција и никој нема право да ги претвори во поле за евтин партиски публицитет.“ – коментира Тодорос Караоглу кој потенцира дека активностите кои и штетат на земјата ќе бидат соочени со правдата. „Демократската Грција нема да премине во анархистичка Грција, бидејќи некои така сакаат“ – додава министерот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.