Жена во Тексас паднала од возот на смртта и загинала
Американка синоќа загина во забавниот парк „Six Flags Over Texas“ во Арлингтон, откако испаднала сред возење на Ролокостерот наречен „Тексашки џин“ со „возот на смртта“. Од паркот го потврдија смртниот случај но одбија да дадат било какви детали за инцидентот.
Камерун Браун, која биле очевидец на целиот немил настан вели дека загинатата, пред почетокот на возењето му се пожалила на еден од вработените дека не е добро врзана.
– Беше многу ноншалантен. И рече „ако сте чуле клик, тогаш е в ред“. Таа не се чувствуваше безбедно, а сепак ја пуштија да се вози. Падна при наглото вфртење. Слушнавме како вреска. Не можевме да поверуваме што се случува, – раскажува Камерон Браун, за Си-ен-Ен додавајќи дека сите патници биле во паника додека не стигнале до платформата.
За време на несреќата, до жртвата седел нејзиниот син. Очевидци велат дека тој избезумено и низ солзи до крајот на возењето извикувал „Пуштете ме надвор, мајка ми падна“.
Од паркот соопштија дека паркот е затворен во интерес на истрагата и додадоа дека безбедноста на патниците им е на прво место.
„Тексашкиот џин“ е изграден од дрво во 1990 година, а во 2011-та е редизајниран и зајакнат со челик. Највисоката точка е на 47,5 метри и има пад од 45 ,5 метри.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment