MKDNews.com

Започнува Спортскиот викенд „Илинден 2013“

јули 25
18:18 2013

По повод патрониот празник „2-ри Август, Илинден “, Општина Илинден на 25, 26, 27 и 28 јули годинава го организира традиционалниот Спортскивикенд „Илинден 2013“.

Во рамките на Спортскиот викенд ќе се одржи професионална велосипедска трка во должина од 100 километри, велосипедска трка за рекреативци во должина од 5 километри, штафетна трка, како и турнири во голем фудбал, во шах, во тенис и во Спортските активности ќе започнат со турнирите во голем фудбал кои ќе се играат на помошните фудбалски игралишта во н.м.Марино и н.м.Кадино на 25 јули (четврток) со почеток во 19.00 часот. Финалните и полуфиналните натпревари ќе се играат во истиот термин во петок и сабота.
sportski vikend 2
Штафетната трка ќе се одржи на 26 јули (петок) во 18.00 часот.Стартот на професионалната велосипедска трка што ќе се вози низ улиците на Општина Илинден, во должина од 100 километри, е закажан за 27 јули (сабота) во 16.00 часот. Трката „Трофеј Илинден 2013“ е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. Стартот и целта на трката ќе бидат пред спортската сала “Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Како вовед во оваа професионална трка, во 15.30 часот на 27.07.2013 година ќе се одржи и рекреативна велосипедска трка на која ќе се натпреваруваат рекреативци од Општина Илинден, во должина од 5 километри.

Турнирот во шах ќе се реализира во Домот на култура „Илинден“ на 27.07.2013 со почеток во 10.00 часот и е поддржан од Шаховската федерација на Република Македонија.

Турнирот во кошарка ќе се одржи на 26 и 27 јули во Спортскиот комплекс Марино со почеток во 19.00 часот.Тениските турнири поддржани од Тениската федерација на Македонија ќе се играат на тениските терени во н.Илинден. Ќе започнат на 27 јули со почеток во 09.00 часот, а финалните натпревари ќе се одиграат во недела на 28 јули во 10.00 часот.
Покровителот на Спортскиот викенд „Илинден 2013“, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, пехари, медали, благодарници, дресови, спортски маици…

Сите заинтересирани рекреативци и спортисти своето учество воСпортскиот викенд „Илинден 2013“ можат да го пријават телефонскиот број 02/2571-703 или во портската сала „Гоце Делчев“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.