MKDNews.com

Започна четвртата Глобална конференција на ОМД (фото)

јули 25
18:54 2013

Врската на македонската дијаспора со татковината е нераскинлива и жива . Премиерот Груевски со порака до ислениците, бидете обединети чувајте ги јазикот, културата и традицијата . Македонија повторно е исправена пред нови предизвици, а со ваша помош македонската Влада ќе успее во походот кон нови успеси.

Бројното присуство на конференцијата е доказ дека македонските иселеници се нераскинлив дел од Македонија, од политичкиот економскиот и културниот живот во земјава.

Навршувањето на 100 години од потпишувањето на букурешкиот договор ги собра македонските иселеници во својата татковина. Стотици претставници учествуваа на двете конференции , едната во организација на Обединетата македонска дијаспора , другата на Агенцијата за иселеништво.

Дијаспората и матичната земја треба да негуваат добра соработка со цел да се остварат зацртаните цели на Македонија и да се одбранат приоритетите. Како поранешен министер за надворешни, Керим нагласи дека само преку дијалог може да се надминат партиски, етничките и религиозните основи со кои се врши поделба на македонското општество.

Иселениците ќе имаат можност да се сретнат и со претседателот Ѓорге Иванов, да ги посетат културно историските знаменитости, да уживаат во македонската музика, храна и да се дружат со своите пријатели од земјава. Иселениците ќе ги посетат и најголемите туристички места во земјава, а на 2 август сите заедно ќе заминат за Крушево каде ќе го прослават Илинден.

Ние докажавме дека со конкретни дела реализираме мерки кои се оденсуваат на дијаспората и го подобруваат нејзиниот статус, но и сметаме на нејзиниот кадровски потенцијал што го докажавме со инклузија на голем број лица кои подолг или пократок период работеле во дијаспората, во македонските институции и тоа на клучни места на позиции на министри, директори и останати значајни позиции. Го остваривме нашето ветување и овозможивме право на глас на дијаспората. Бевме силно критикувани за тоа, но верувавме во исправноста на поставената цел и успеавме. Денес секој македонски државјанин каде и да живее во светот има полно право да учествува во политичкиот живот на земјата да избира или да биде избран на парламентарните и претседателските избори согласно законот кој го донесовме, потенцира премиерот Груевски.

Мето Коловски, претседател на ОМД, на прес-конференцијата по отворањето на 4. Глобална конференција појасни дека ОМД не е паралелна организација на ниту една друга организација во светот. Посветени се на нивната мисија на зачувување на интересите на Македонците во светот преку нивните ограноци, а во својата активност соработуваат и со други организации македонски иселенички организации кои учествуваат на двете иселенички конференции кои денес се одржуваат во Скопје.
[print_gllr id=12355]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment