MKDNews.com

Загина градежен работник во Козле ,што се случи?

јули 07
16:10 2013

Тетовецот Сабри А.(55) загина утрово околу 8,30 часот откако паднал од скеле високо 3,5 метри. Тој изведувал градежни работи на Детската билница „Козле“. Работникот веднаш бил префрлен во болница, но по пат им подлегнал на повредите. Засега, нема информација дали бил ангажиран од некоја фирма или работел приватно. (Ц.Х.)

kozle-nesreka1111Како што пишува телеграф.мк неговите колеги не сакаат да зборуваат за настанот. Затекнавме петмина работници кои седеа во сенките пред објектот што се гради, но брзо се повлекоа зад вратата на која пишува „забранет влез“. Само рекоа дека тоа што се случи е трагедија. Несреќата не ја виделе ниту медицинските лица кои се грижат за децата.

Пред објектот – разфрлани камења, песок, градежен шут. Работникот паднал од новата зграда на болницата,од која добар дел веќе е готов. Таа се наоѓа на десетина метри од сегашната зграда. Според најавите, изградбата треба да заврши во септември идната година. Инвеститор е Министерството за здравство.

Полицијата информираше дека утрово околу 8.30 часот, животот го загубил Сабри А (55). Паднал од скеле високо 3,5 метри. Работникот веднаш бил префрлен во болница, но по пат им подлегнал на повредите. Според информациите, Сабри А. е од Тетово.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.