MKDNews.com

Заеднички патроли на родители и инспектори низ Охрид

јули 20
17:15 2013

Како се забавуваат младите во Охрид и каде излегуваат, беше целта на заедничката рација на полиција, инспектори и родители, која синоќа се реализира во повеќе кафулиња и ноќни клубови во Охрид.

Очекувано, најчестите прекршоци на адолесцентите што ги затекнавме на терен беа пиење алкохол, пушење цигари и останување по полноќ.

„Оваа акција ја организираме по втор пат. Таа е дел од проектот „Мешани патроли“, во кои што покрај полициски службеници од СВР Охрид, присутни се и родителите.Ова е превентивен проект кој СВР го организира преку одделението за превенција, во соработка со сите инстанци на локално ниво, каде членуваат родителите преку советодавната група на граѓани преку училишните одбори, Новина е што годинава во проектот се вклучени и преставници од локалната самоуправа, Центарот за социјални работи и Дневниот центар за третман на деца на улица. Целта е родителите најдирекно да се запознаат со сите места и угостителските објекти каде излегуваат малолетниците“,вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.

Тој додава дека ова е уште еден обид на СВР да се приближат до граѓаните и со тоа да го зацврсти партнерскиот однос што го има со граѓаните. Димовски вели дека ефектите од овој проект минатата година биле извонредни.

И родителите кои беа дел од синоќешната акција задоволни од проектот на СВР.

„Имам две малолетни деца и како родител ме интересира каде излегуваат со кое друштво, што прават.Ова е едно огромно искуство заедно со полицијата да видиме каков е животот на младите во Охрид. Отприлика знеме што се случува и на некој начин мислиме дека е нормално во овие услови и за тие години“, вели Елизабета Протуѓер.
Охрид во шпицот на сезона е најпривлечен токму поради богатиот ноќен живот, велат младите.

– Супер е овде, има гости од Србија.
– Овде е супер поубаво е од Грција, како на море е, вели млад гостин од Србија.

На наше прашање: Што пиете? , велат: Пиеме Скопско, пиеме Јагодинско.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.