За „Тиквешки гроздобер“ Кавадарци ќе издвои два милиона денари
јули 24
22:36
2013
Вкупно два милиона денари ќе бидат издвоени од буџетот на општина Кавадарци за организирање на културно-стопанската туристичка манифестација “Тиквешки гроздобер” 2013.
Одлуката за тоа на денената седница ја донесоа советниците во градскиот Совет и ја изгласаа програмата за организирање на манифестацијата.
– “Тиквешки гроздобер” да биде на нивото на фестивалот на пивото во Прилеп. Ако треба нека се издвојат и повеќе пари од општинската каса, ако е потребно нека има и ребаланс на локалниот буџет, побара од говорница советникот Зоран Бањански.
Традиционалната манифестација ќе се одржи на 13, 14 и 15 септември.
(миа)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment