MKDNews.com

За малку тепачка “Бандо криминална, Господ ќе ве казни” -плус 12 години затвор за Бошкоски (видео)

јули 12
16:39 2013

12 години затвор доби Љубе Бошкоски за помагање во случајот Ровер. Скопскиот кривичен суд пред малку ја соопшти пресудата. Бошковски и неговото семејство беа гневни. „Колку ве платија да ме осудите“, „Бандо криминална“, „Господ ќе ве казни“ – беа дел од реакциите на екс-министерот за внатрешни и неговите најблиски.

И отсутните обвинети за учество во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 добија затворски казни меѓу 6 и 10 години, додека тројцата првоосомничени државјани на Србија кои се сеуште во бегство добија доживотен затвор.

Бошковски е веќе осуден за случајот Кампања. Основниот суд му одреди 7 години, а Апелација казната му ја намали на 5 години затвор.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.