MKDNews.com

За измамата на ,,Генерал Мими “ разбрале и во Брисел (видео)

јули 14
16:23 2013

34-годишната скопјанка со план и добра фантазија за само 6 месеци заработила и потрошила десетици илјади евра преку добро осмислена измама. Таа на дузина сограѓани од општина Аеродром им се претставила како координатор за логистика во воената база „Бондстил“ во Косово и за одредена сума како надомест им ветила работни места во Северно-атланската алијанса (НАТО).

Но, покрај 9.000 евра кои веќе ги потрошила, „Генерал Мими“ со иницијали М.Џ. (34), на крајот заработи и четири кривични пријави за 12 кривични дела „измама“.

Бидејќи се претставила како координатор за логистика, жртвите на „Генерал Мими“ лесно поверувале на ветувањата дека нив ќе ги вработи како административни работници, возачи или, пак, месари и собарки. Нејзината фантазија одела до таму, што таа на жртвите кои имаат регистрирано компании им ветувала дека може да „им намести“ да добијат тендер за снабдување на базата „Бондстил“, која патем е најголемата воена база на САД во Европа, со прехрамбени артикли, хемиски средства за хигиена, пијалоци и други потребни артикли.

За време на шесте месеци таа измамените сограѓани ги држела во заблуда дека работата е во тек, при што, како што соопштија од МВР, од нив извлекла околу 567.300 денари, односно околу 9.200 евра, кои веќе ги потрошила за свои лични потреби.

За целата работа да биде поуверлива, таа им наложила на жртвите да пополнат апликација која содржи нивно „СV“, фотокопија од лична карта, две фотографии и да уплатат сума од околу 6.000 денари (100 евра).Од овие 6.000 денари, наводно, 1.800 денари ќе им биле вратени откако ќе се вработат бидејќи биле предвидени за лекарски преглед , односно лекарско уверение.

Додека чекаат, таа ги охрабрила своите жрвти да прошетаат до бутиците „Марди“, „Бицијани“ и „Пеко“ за сами да си ја одберат својата работна униформа, а таа подоцна ќе помине да ја подигне и плати.

Тројца од нив, кои имале регистрирано фирма и биле заинтересирани за тендерот за набавки во базата „Бондстил“, требало да достават посебни документи како доказ за регистрација на компанијата, две фотографии за беџ, фотокопија од лична карта и уплатница со сума од 1.500 до 2.000 евра.

Бидејќи деталите при вакви измами се многу битни, „Генерал Мими“ штом им наплатила за тендерот, како што тврдат од МВР, таа им побарала примероци од храна и парфеми.

Тука всушност и започнале првите сомнежи. Оштетените по ова побрзале да проверат во наведените бутици дали се подигнати избраните работни униформи. И шок: ниту се подигнати, ниту се платени.

Оттаму еден од оштетените дури и направил и доставил видео запис од безбедносна канцеларија на кој се гледа како „Генерал Мими“ ги зема парите од него.

Осомничената е приведена и при разговорот во полиција, таа целосно го појаснила планот и начинот на кој што ги извршила кривичните дела.

Според МВР, за „Генерал Мими“ се интересирал и помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман. Тој во разговор со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се интересирал за тоа дали МВР располага со информации околу измамите.

Оштетените во Полициската станица „Аеродром“ поднеле записници за прием на кривична пријава, а еден од нив доставил и видео запис од безбедносна камера од канцеларијата од неговата фирма, каде се гледа како измамничката ги зема парите од него.

Со пријавената е извршен разговор со цел расчистување на кривичното дело, во кој во целост го појаснила начинот на извршување на кривичните дела.

МВР укажува дека пријавената била предмет на интерес и при средбата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман. На состанокот Бренгелман прашал дали Министерството за внатрешни работи располага со информации околу измамите на пријавената за кои што бил информиран од НАТО. Во крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, пријавената минува за сторени кривични дела од имотни деликти и кривични дела против правниот сообраќај, и против неа се поднесени четири кривични пријави.

###

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment