Времето денес: Сончево и топло до 35 степени Целзиусови
Денес ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни ќе се движат од 26°C до 35°C. УВ индекс 8.
Во Скопје во вторник ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна ќе достигне до 33°C. УВ индекс 8.
Во среда сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 36°C. УВ индекс 8.
Во четврток тропски ден во Македонија. Ќе биде сончево и многу топло. Слаб северен и северозападен ветер а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 29°C до 38°C. УВ индекс 9.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment