MKDNews.com

Вранишковски осуден на три години затвор

јули 02
13:53 2013

Расчинетиот владика Јован Вранишковски доби три години затворска казна за злоупотреби сторени додека бил свештено лице.
Затворска казна од три години му пресуди Кривичниот суд на Јован Вранишковски, првообвинет во случајот „Расколник“. Останатите обвинети, мајка му и сестра му и следбеници на Православна охридска архиепископија (ПОА), добија условни казни.

Пресудата беше соопштена откако Судот сослуша уште еден сведок, од кого Вранишковски го купил земјиштето поради кое се водеше судскиот процес.

Во паузата пред да биде соопштена пресудата, епископот Давид, еден од обвинетите, на новинарите им се обрати со:

„Ако јас сум крив, да умрам, ако не, вам сè најмило да ви умре“.

Во изјава појасни дека на барањето за правда сакал да му се одговори со правда.

– Сметаме дека со оглед на тоа што немаме прекршено ниту еден закон во однос на обвинението за коешто се товариме сметаме дека тоа е политичка пресуда којашто е однапред донесена судот денеска ја прочита – изјави епископот Давид по соопштувањето на пресудата.

Во акцијата што минатата година ја спроведе МВР беа уапсени Вранишковски и следбеници на неговата ПОА.

Тие беа обвинети за перење пари. Според обвинението, Вранишковски и неговите соработници преку купување имот се обиделе да исперат околу 240.000 евра, кои тој ги проневерил во периодот од 1998 до 2002 година, за што одговараше пред Судот во Велес и доби затворска казна од две и пол години.

Во последното соопштение на ПОА, објавено пред изрекувањето на пресудата, стои дека судскиот процес против Вранишковски и неговите следбеници е политички монтиран.

„Од судскиот процес недвосмислено јасно се виде дека станува збор за државен прогон врз верска основа. Иако Јавното обвинителство нема никакви докази за казната што ја предлага, сосема е очигледна намерата на однапред донесената политичка одлука, неправедно обвинетите, само поради нивната верска припадност, да бидат казнети, со цел и имотот на Православната охридска архиепископија да биде конфискуван во корист на расколничката МПЦ“, стои во соопштението на ПОА.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.