MKDNews.com

Воз удри во кран покрај пруга, тројца полесно повредени

јули 17
16:54 2013

Патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во машина со кран која работела покрај пругата. Од ударот повредени се три лица кои по укажаната лекарска помош во Гостиварската болница се пуштени на домашно лекување.

Во несреќата повредени се помошникот на машиновозачот, 48-годишниот З.А. од Скопје, управувачот на работната машина 28-годишниот Д.Н. од Охрид и скопјанецот А.Ц. (63) кој патувал со возот.

Според СВР Тетово, незгодата се случила околу 13 часот, кога патничкиот воз број 663 во близина на гостиварското село Тумчевиште удрил во дигалаката од работна машина, која се наоѓала покрај железничката пруга. Машината била поставена за работа на еден далеководите кои минуваат низ полошкото поле и најверојатно била ангажирана од компанијата МЕПСО.

Патниците од возот се пренесени со автобус до дестинациите на кои патувале.

На местото на настанот увид врши истражен судија и крим-техника кои треба да ги утврдат причините и материјалната штета од несреќата

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.