Воз ислета од шини близу Париз,најмалку осум загинати (фото)
Најмалку осум патници загинаа попладнево кога воз излета од шините во францускиот департмент Есон, јужно од Париз.Спасувачките и медицинските екипи се на теренот, а според неофицијалните информации, се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.
Возот сообраќал на релација Париз-Лимож, а несреќата се случила на околу 20 километри од француската престолнина, кај местото Бретања сур Орж. Многу патници останале заробени во вагоните.
Возот на станицата влета со голема брзина и практично се раздвои на два дела. Дел од вагонот продолжи да се движи, а еден дел остана на платформата – изјавил еден од полициските службеници.
Според информациите што патниците ги споделиле на „Твитер“, возот излетал од шините и се удрил во столбовите покрај пругата, а неколку вагони биле буквално смачкани.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment