„Вонземјаните ја заобиколуваат Земјата бидејќи луѓето се идиоти“
Откако неодамна е забележана појава на НЛО на небото над Санкт Петерсбург, рускиот астроном Сергеј Смирнов тврди дека знае зошто се уште не сме успеале да воспоставиме контакт со суштествата од другите планети- вонземјанците за заобиколуваат Земјата бидејќи луѓето се идиоти.
Овој научник со престижна лабараторија за космички истражувања во Опсерваторијата Пулково вели дека вонземјаните ја заобиколуваат Земјата во голем обем бидејќи сметаат дека луѓето се многу опасни за нив. Тој вели дека „малите зелени“ немаат доверба во луѓето кои се однесуваат како „волци“ кон сопствената планета, системски ја уништуваат.
-Вонземјаните на нас гледаат каконеразвиени идиоти. Можеби нас не изолирале некако од остатокот од галаксијата. Можеби испраќаат предупредувања настотина милијарди ѕвезди, тврдејќи дека ние како цивилизација сме многу опасни, коментира Смирнов.
Вонземјанците, по негово мислење, се плашат од луѓето да не ги злоупотребат нивните знаења, па затоа се држат понастрана од земјата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment