MKDNews.com

ВО ЖИВО:Првото позирање на кралското бебе закажано за 19 часот?! (видео)

јули 23
16:43 2013

„Со Кејт не можеме да бидеме посреќни “, изјавил принцот Вилијам, во своето официјално соопштение за јавноста.
princot -bebetoОваа фотографија кружи по социјалните мрежи како наводна прва фотографија од малиот принц но станува збор зафотографија направена во 2006 година од бебе со име Сана.
Пренесот од пред болницата  Сент Мери во Лондон каде принцот Вилијам и Кејт денес треба да го престават својот син може да го следите во живо. Според службени извори, запознавањето на нивното синче со јавноста ќе се случи денес, а тие би требало да се фотографиираат пред влезот на болницата, држејќи го во рака својот прв син.

Потсетуваме, војвотката Кејт Мидлтон вчера на свет го донесе идниот наследник на британската круна, чие име сеуште не е познато за јавноста. Но, она кое е познато е распоред на она што го очекува.

 

Преносот во живо подолу
Според традицијата, се очекува светот да го види малиот крал кога Кејт и Вилијам ќе ја напуштат болницата. Тогаш тие би требале да се фотографиираат пред влезот на болницата, држејќи го во рака својот прв син. CNN пишува дека тоа би можело да се случи во вторник, со оглед на тоа дека Кејт се породила по природен пат без никакви компликации. Во тој момент, принцот Вилијам би требало да им се обрати на медиумите и граѓаните, а постои можност изјава да дадат и родителите на Кејт.

Што се однесува до името на бебето, истото може да биде објавено веднаш по напуштањето на болницата или пак неколку недели подоцна. Се очекува, Кејт и Вилијам да се одлучат за традиционално име, како што се Џорџ, Џејмс, Александар или Луис, но сепак постои и можност идниот крал да го носи името Спенсер во чест на својата покојна баба Дијана.

По напуштањето на болницата, семејството може да замине на три дестинации: и тоа на кралскиот имот во Норфолк, дворецот Балморал во Шкотска или пак во домот на Мидлтон. Сепак, каде точно ќе престојува семејството во првите заеднички недели ќе остане тајна. По извесно време, Кејт, Вилијам и нивниот син ќе се преселат во Кенсингтонската палата, каде во полна пареа се работи на новиот одделен апартман. Се очекува дека Вилијам ќе помине две недели со своето семејство пред да се врати на работните обврски.

Наводно, Кејт и Вилијам одлучиле да му пружат на својот син “нормално” детство, а според светските медиуми тие нема да вработат ниту дадилка.

Пренос до живо кликни тука http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=UZb69EkUi4g

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.