Во судир загина сопственик на српска телевизија и камерман (фото/видео)
Во директен судир со автобус загинаа Мишула Петровиќ, сопственик на телевизијата „Галаксија 32″ од Чачак и неговиот камерман Драгослав Јевремовиќ.
Петровиќ, познат музичар и сопственик на телевизијата и неговиот сопатник во „шкода октавија” загинале околу 15:45 часот кај Младеновац во директен судир со автобус. Вo несреќата се повредени пет патници и сите се згрижени во белградскиот Ургентен центар.
Несреќата се случила откако „шкодата” неочекувано преминала во спротивен правец и се забила во автобусот кој сообраќа на релација Младеновац-Белград.
-Ударот беше толку силен што „шкодата” е потполно уништена и дојде до мал пожар во пределот на моторот. Погледот беше морничав бидејќи луѓето во автомобилот беа многу повредени, вели еден очевидец за српски „Курир”.
Петровиќ се наоѓал на местото совозач во „шкодата” и тој од здобиените повреди починал на лице место. Тешко повредениот камерман од уништениот автомобил го извлекле пожарникари, а им подлегнал на повредите во возилото од Итната помош, на пат кон белградскиот Ургентен центар.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment