Во Швајцарија загина 23-годишна Македонка
јули 30
17:29
2013
Дваесет и тригодишна Македонка вчера загина во сообраќајна несреќа во близина на Сент Гален, Швајцарија, јавува „Плуснфо“.
Според швајцарските медиуми станува збор за девојка која е од кумановската општина Лојане, со времено живеалиште во Швајцарија. Причина за несреќата е неприлагодената брзина со која возела Македонката. Од ударот девојката добила внатрешни повреди поради што починала.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment