MKDNews.com

Во септември ДПА влегува во Владата?

јули 08
20:51 2013

Порталот на албански јазик Almakos повикувајќи се на „сигурни извори“ тврди дека на местото на ДУИ во владата ќе влезе ДПА на Мендух Тачи.

Ладните односи меѓу сегашните партнери во владејачката коалиција ВМРО – ДПМНЕ – ДУИ, кои се сега познати и за јавноста во последно време, започнале уште порано. Концептуалните разлики помеѓу коалициските партнери отвориле можност за Никола Груевски да го разгледуваа своето владење со партијата на Али Ахмети, пишува Алмакос.

Според изворите на Almakos воведувањето на ДПА во владата ќе помогне на процесот на демократизација на земјата, затоа што во моментов Демократската Унија за Интеграција, освен централната власт, како партија веќе ги контролира и повеќе општини на локално ниво и со тоа се гушело правилното функционирање на државата и е сериозна пречка за примена на законот и уставниот поредок во земјата.

Друга причина, пишува Алмакос повикувајќи се на анонимни извори се и корупциските афери на некои од високите претставници на сегашната албанска партија на власт , како што е случајот со аферата “Телеком”, како и одржувањете на високи позиции во властаа на овие исти имиња, за кои постои сомневање дека се лесно контролирани од страна на сомнителни кругови.

Во моментов, Демократската Унија за Интеграција има 15 пратеници во Собранието на Република Македонија, од друга страна партијата на Мендух Тачи, има 8 пратеници. Партија на Никола Груевски брои 56 пратеници и со членовите ДПА може да се напарави реконфигурација на нов партнер на Владата, пишува Алмакос.

taci-gujo

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.