MKDNews.com

Во Охрид фатени блинкераши без дозвола

јули 08
18:59 2013

При вршење на надзор од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) – Охрид со логистичка подршка на П.С за Г.Н “Охридско Езеро”, на рекреативни риболовци кои вршеа рекреативен риболов од кајче (влечење на блинкери), на ден 07.07.2013 год во периодот од 6 часот до 10 часот на потегот од Охрид до с.Трпејца констатирани се повеќе неправилности кај повеќе лица.

При надзорот во водите на Охридско Езеро затекнати се 5 лица кои вршеа рекреативен риболов со блинкер без дозвола од концесионерот и едно лице кое вршеше рекреативен риболов со риболовни средства – блинкери повеќе од дозволените согласно риболовната основа на Охридско Езеро (Сл.Весник на Р.М 145/2011 и 57/13). Против петте лица кои се затекнати како вршат рекреативен риболов со блинкер без дозвола и против лицето кое вршеше рекреативен риболов со риболовни средства – блинкери повеќе од дозволените согласно риболовната основа ќе бидат поведени соодветни постапки. На сите од страна на Државниот инспекторат за земјоделство – Охридќе им биде понудена постапка за порамнување, при што ќе им бидат издадени платни налози и доколку во рок 8 дена од издавањето не бидат платени ќе бидат поднесени соодветни Барања за поведување на прекршочна постапка до Основен Суд во Охрид.
Државниот инспекторат заземјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид ги информ ира сите рекреативни риболовци дека е неопходно иститепри вршење на рекреативен риболов (без разлика дали истиот го вршат од брег или од кајче), дека е неопходно секој рекреативен риболовец да поседува важечка рекреативна легитимација издадена од Македонска риболовна федерација и рекреативна дозвола издадена од концесионерот на рибниот фонд од соодветната риболовна вода каде ќе бидат затекнати (во случајот на Охридско Езеро рекреативна дозвола од ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л).
Од Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) – Охрид и концесионерот ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л ги известуваат ситериболовци дека ќе се интензивираат контролите на Охридско Езеро, при што нема да се толерираат никакви прекршувања на Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти од истиот, и притоа нема да има толеранција ниту за рибокрадците, ниту за риболовците кои риболоват без риболовна легитимација и дозвола.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment