MKDNews.com

Во Кан украден накит во вредност од 103 милиони евра

јули 29
18:34 2013

При вчерашниот грабеж во хотелот „Карлтон“ на Азурниот брег во Кан, според процените, штетата изнесува 136 милиони долари, односно околу 103 милиони евра.

Вредноста на украдениот накит на крајот излезе многу повисока од првично наведената во медиумите – 40 милиони евра.

Овие бројки ги изнесе регионалниот весник „Нис-Матан“, според кој новата процена од 103 милиони евра се темели врз направениот попис на украдениот накит.

Овие бројки ги изнесе регионалниот весник Нис-Матан, кој вели дека новата проценка од 103 милиони евра се темели врз направениот попис на украдениот накит.

Вчера на пладне, едно маскирано лице, успеа да се стекне со накит и скапоцени часовници украсени со скапи дијаманти, за време на изложбата организирана од марката Левие во едно од крилата на фамозниот хотел „Карлтон“.

За само неколку секунди, тој успеа да замине со една торба во која се наоѓала една касета во која имало 72 скапоцени предмети, од кои 32 исклучително вредни, според јавното обвинителство од Грас.

Крадецот си заминал од местото на грабежот пеш, преку една врата-прозорец, губејќи неколку скапоцени предмети при бегството. Ако се потврди вредноста на ограбениот накит, ова ќе биде најголемиот грабеж во историјата на Франција.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment