MKDNews.com

Во Калифорнија измерени пеколно жешки 54,4 степени Целзиусови

јули 04
07:36 2013

Највисоката температура во јуни годинава измерена е во Долината на смртта, во сојузната американска држава Калифорнија, кога живата од термометарот се искачи на 54,4 степени Целзиусови. (130 Фарангхајтови)

Оваа измерена температура е четврта највисока температура измерена на некоја метеоролошка станица на Земјата. Преостанатите три повисоки вредности мерени се пред сто години, и тоа на истата локација во Долината на смртта.

Светскиот официјален рекорд за највисока останува 56,7 Целзиуси, колку што се измерени на 10-ти јули 1913 година. Потоа на 13-ти јули 1913 година во Долината на смртта се измерени 55 степени, а на 12-ти јули 1913 година измерени се 54,4 Целзиусови степени. За 10-ти јули се подготвува посебна програма за одбележување на 100-годишнината на светскиот температурен рекорд во Долината на смртта.

Насловната фотографија прикажува официјален термометар за мерење на највисоката дневна температура во Долината на смртта, објави американската Државна метеоролошка канцеларија Лас Вегас, национален парк „Долина на смртта”.

Големиот бран жештини во Северна Америка го имаше својот врв во текот на неделата и понеделникот. Бранот горештини кој на многу места на југозападниот дел на САД донесе температурни рекорди во јуни, како и некои апсолутни температурни рекорди, полека попушта.

До крајот на седмицата температурите малку ќе паднат, но веќе во наредниот период се најавува враќање нашештините, иако новиот топлотен бран нема да биде екстремен како овој ко крајот на јуни.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.