MKDNews.com

Внимавајте на исхраната: цело семејство во Штип се затруло од сувомесни производи

јули 29
22:32 2013

Внимавајте на што јадете, алармираат инфектолозите. На овие летни горештини и високи температури добро треба да се провери, пред да се почне со користење на храната. Денес на инфективно хоспитализирано цело семејство, откако добиле труење конзумирајки сувомеснати производи, јави ТВ Ирис.

Покрај сувомеснато, граѓаните треба да обратат внимание и на сладоледите, мајонезите, како и сендвичите. Но покрај храната, на високите температури големо внимание треба да се посвети и на личната хигиена.

За да се заштитите од труење, храната треба добро да се подготви. Најмногу половина час на собна температура може да стои свежата или зготвена храна. Други совети кои би биле полезни за домаќинките е редовното миење на даската за сечење, како и промена на приборот со кои претходно сте допирале свежо месо.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.