MKDNews.com

ВМРО-НП: Го поздравуваме градењето на меморијалниот центар во Зајас

јули 17
18:20 2013

Го поздравуваме отпочнувањето на изградбата на меморијалниот центар во Зајас за загинатите и убиените Албанци во 1913 година во кој централно место ќе завзема споменикот ‘‘Албанска мајка‘‘, велат во соопштението испратено до медиумите од ВМРО-Народна партија.

-Згрозени сме од сознанијата за едно вакво злосторство во кое животот го изгубиле борци кои ги бранеле сопствените семејства, но и цивили дури и невини деца. Се прашуваме како едно вакво злосторство со призвук на геноцид досега беше сокриено од граѓаните на Република Македонија. Ова потврдува дека постојат уште многу неоткриени масовни гробници (најчесто бунари) и на Македонци и на Албанци кои биле жртви на теророт на српската војска по Втората балканска војна. Зачудувачки е како владата и другите надлежни институции досега ништо немаат превземено да ги расветлат настаните од Балканските војни и Првата светска војна каде што се прикрива вистинската улога на српската војска против севкупното население на територијата на Република Македонија кое се борело против српскиот окупатор. Ја охрабруваме владата доколку има и други сознанија за постоењето на вакви гробници без предрасуди кон никого да ја изведат на виделина вистината за злосторството на Српската војска а не, заеднички да прославуваат јубилеј на српската војска како што беше случајот со Зебрњак. Во ВМРО-Народна партија искрено сочуствуваме со семејствата без оглед дали се Македонци, Албанци или други кои ги изгубиле своите блиски роднини како невини жртви на едно одмазничко лудило. Со тоа се надеваме дека делумно ќе ја ублажиме болката на нивните семејства и со јасна порака ваков погибел никогаш и никаде повеќе да не се повтори-велат од ВМРО-Народна партија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.