MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ реагира од партиски интерес

јули 12
19:29 2013

Според ВМРО-ДПМНЕ, реакцијата на СДСМ за пресудата за Љубе Бошкоски е исклучиво од партиски и политички интерес. Владејачката партија смета дека е скандалозно е тоа што сè уште при непрочитана и неанализирана пресуда од СДСМ дале оценка. Според ВМРО-ДПМНЕ тоа покажува дека за нив не се важни доказите, ниту аргументите.

-Секогаш кога висок функционер на СДСМ или нивен коалиционен партнер има проблеми со законот, СДСМ реагира и се противи без разлика што во такви случаи лицата често се обвинети или осудени за тешки кривични дела. Ако некој е висок функционер на СДСМ или нивен коалиционен партнер не значи дека треба да биде ослободен од примена на законот, посебно кога таквите лица се извршители на тешки кривични дела, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнуваат дека немаат намера да се впуштаат во полемика за судска пресуда.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment