ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за Јужен тек е истиот како за другите земји
Договорот кој го потпиша Република Македонија е стандарден договор и истиот го потпишаа сите земји кои влегоа во проектот “Јужен Тек“. Доколку СДСМ не верува во тоа, може да го побара и договорот од Србија, Хрватска или Австрија, да го спореди и потоа да ја информира јавноста. Така би било најчесно“.
Тоа го порача ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој рече оти се покажало дека е потпишан само договор за утврдување на оправданоста на гасоводен крак, како и дека договорот потпишан во Москва е незаконски, затоа што, според Манчевски, со членот 5 од договорот целосно е исклучена Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.
„Нечесно е, од друга страна, да се каже дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја одлага гасификацијата, бидејќи само благодарение на заложбите на оваа влада, Македонија се најде во проектот “Јужен Тек“. Во секој случај овој успех на Македонија не е благодарение на СДСМ. СДСМ беше на власт кога сите останати земји влегуваа во планот за гасоводот, а токму тие не покажа никаков интерес“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвини дека СДСМ изнесува невистини и полувистини.
„Нечесниот однос на СДСМ се огледа и во константното изнесување на невистини и полувистини во јавноста. Во однос на членот 5 од Договорот, јасно стои дека Регулаторната комисија нема да одлучува за цената по која Македонија ќе го купува гасот од “Гаспром”, што е многу логично затоа што македонската регулаторна комисија нема ингеренции да го регулира меѓународниот пазар на гас. Регулаторната комисија може да одлучува за цената на гасот во земја и тоа таа и ќе го прави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment