Викиликс ќе учествува на парламентарните избори во Австралија
јули 02
15:50
2013
Австралиската изборна комисија ја регистрира партијата Викиликс за учество на парламентарните избори, закажани за 14 септември, пренесе агенцијата ИТАР – ТАСС, повикувајќи се на австралискиот печат.
Основачот на партијата, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, се кандидира за изборите за сенатот во државата Викторија. Партијата има намера да предложи свој претставник на изборите за Горниот дом и од државите Нов Јужен Велс и Западна Австралија.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment