MKDNews.com

Вејчеслав Поповски, Светски шампион во соло пеење (видео)

јули 21
23:06 2013

На Светскиот шампионат во изведувачка уметност што се одвиваше во изминатите десет дена во Холивуд, Лос Анџелес – САД, земаа учество натпреварувачи од 53 земји од целиот свет.

На оваа голема Олимпијада на уметноста Република Македонија за првпат се претстави со 13-годишниот Вејчеслав Поповски од Скопје кој што минатата година беше избран од националниот директор за овој дел од Европа со седиште во Будимпешта, г-ѓа Адриен Јунек.

На отварањето на Светскиот шампионат во изведувачка уметност во центарот на Лос Анџелес на свеченото дефиле, Македонија беше претставена во национална носија којашто кај сите присутни предизвика посебен интерес и воодушевување.

Натпреварите траеа два дена и Вејчеслав Поповски се натпреваруваше во категоријата соло пеење – јуниори и тоа во 5 стилови (опера, латино, светска музика, отворен стил и поп музика) и освои 3 златни и 2 сребрени медали.
Со награда „Светски шампион“ се стекна во три стила: опера, латино и отворен стил. Од сите натпреварувачи кои што освоија златни медали од сите категории, но и оставија посебен впечаток кај стручното жири беа изберени најдобрите учесници од само неколку земји коишто после две селекции имаа можност да настапат на телевизиското шоу меѓу кои и Вејчеслав Поповски.
Тој ја имаше таа ретка можност да се претстави пред дваесетчленото жири од врвни имиња од шоу бизнисот во САД, меѓу кои Тес Тејлор, Џефри Вебер, Шел Сондхаим, Џек Шерман, Марк Вилијамс и други, во преполната сала на хотелот Вестин Бонавентуре во Лос Анџелес.
Настапот на Вејчеслав Поповски на овој Светски шампионат беше поздравен со големи овации од публиката, честитки од сите учесници, а особено од членовите на жирито со кои имаше можност да стапи во контакт и доби покана од неколкумина од нив за понатамошен ангажман и соработка.
vejce

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment