MKDNews.com

Вечерва во Охрид почнува “Бело лето”

јули 06
17:06 2013

belo_leto_4852Вечерва во Охрид почнува манифестацијата “Бело лето” која ќе го означи почетокот на главната туристичка сезона на охридскиот брег.
„Нашата цел поради која организаираме ваква манифестација е да направиме екстензија на туристичката сезона. Не случајно го одбравме 6 – ти јули. Досега како почеток на туристичката сезона во Охрид се сметаше официјалното отворање на Охридско лето. Од овие причини го поместивме почетокот на туристичката сезона. Се надевам дека во иднина ќе најдеме содржини со кои ќе овозможиме туристичката сеона да почнува од 1 јули“,вели градоначалникот Бакрачески.
Со манифестацијата „Бела ноќ“, во областа на туризмот започнува една нова ера, која ние како локална самоуправа заедно со сите надлежни и инволвирани субјекти во овој процес сме подготвени од година во година да ја надоградуваме на повисоко ниво и како што ќе поминуваат годините така да биде надоградувана и во однос на учесниците и во однос на организацијата – истакна секретарот Димитар Спасески.

Манифестацијата „Бела ноќ“ вклучува работа на угостителските објекти, без ограничување, цела ноќ со намалени цени. Хотелите и приватното сместување ќе даваат соодветни намалувања на цените со цел да се овозможи масовно присуство на Манифестацијата на граѓаните од Р. Македонија и соседните држави.

За манифестацијата се пријавени над 90 стопански објекти, кои ја даваат поддршката и со своите намалени цени придонесуваат за атрактивноста на Манифестацијата.

Оваа манифестација вклучува промоција на три сегменти од туристичката понуда на Охрид. На плоштадот „Крушевска република“ ќе се промовира руралниот туризам, кај платото на Долна Порта ќе има промоција на занаетчиството и традиционални производи додека на градскиот кеј ќе се промовираат алтернативните форми на туризам.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.