MKDNews.com

Вечерва почнува галичката свадба по 40-ти пат

јули 13
16:09 2013

Вечерва во Галичник ќе ечат зурлите и тапаните, во 19. 30 часот започнува 40. Галичка свадба. Почетокот ќе го означат трите истрели од пушка, а за гостите и туристите ќе биде организиран концерт на етно музика пред чешмата Упија.

galicka-svadba2-564x376Годинашните младенци, скопјанката Александра Крстевска и Мавровецот Васе Ѓорѓевски во улогата на невеста и зет ќе ја крунисаат деветгодишната врска.
Повеќето обичаи вечерва се изведуваат во домот на невестата, а за гостите и посетителите вечерта ќе биде организиран и концерт на етно музика на платото пред чешмата Упија.
Утре во 9 часот свадбарите ќе продолжат со изведување на свадбените ритуали. Манифестацијата се очекува да заврши околу 13 часот со венчавката на зетот и невестата, која ќе ја изведат свештениците од Бигорскиот манастир.
Првата „Галичка свадба“ е одржана во 1963 година, а повторно е обновена во 1973 година.
Откако е пуштен во употреба патот Маврово- Галичник, таа се одржува во континуитет.

Покровител на манифестацијата, трета година по ред, е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и најавено е неговото присуство.
http://www.youtube.com/watch?v=rXQLDTTLu5w

107754747

107754870

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.