MKDNews.com

Утринското водење љубов е добро за здравјето

јули 06
20:58 2013

Толку многу, што едноставно нема да ви се верува. Посебно за оние луѓе кои утрото го доживуваат трагично, сексот ќе ги расположи и ќе им го смени ритамот на животот.

Утрото ќе ви започне фантастично, цел ден ќе имате насмевка на лицето, а притоа ќе се осеќате расположени, освежени и полни со елан.

Иако едно истражување дошло до податоци дека 65% од паровите водат љубов помеѓу 23 и 1 часот навечер, време е за некои позитивни промени. Сменете ја рутината, изненадете го вашиот партнер и започнете го денот со љубов.

Модерното темпо на живот, наметнува наутро само едно кафе да биде вашиот доручек, што знаеме дека воопшто не е здраво но сепак продолжуваме со истата навика, но доколку денот ви започне со секс, доручекот ќе ви биде најсладок оброк во денот.

camaЈа зголемува плодноста
Честиот утрински секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста на жената, ова го потврдува истражувањето спроведена од Клиниката за вештачко оплодување во Сиднеј. Според нивното истражување, квалитетот на спермата е за 12% подобра во утринските часови.

Го чисти тенот и ги зајакнува ноктите, косата и коските
Оргазамот за време на утринскиот секс, стимулира поголемо лачење на естроген во телото. Поради тоа, се подобрува циркулацијата и го намалува тестостеронот, што индиректно се одразува на квалитетот на кожата, косата, ноктите и коските. Со тоа, утринскиот секс навистина дава посебен сјај кај луѓето.

Го намалува ризикот од срцеви болести
Сексот во утринските часови, доколку се практикува редовно, го штити здравјето на срцето, посебно кај мажите. Ова го потврдува истражувањето на Универзитетот во Белфаст, кое било спроведено на 1000 луѓе. Покрај тоа што е одлична замена за утринската гимнастика, утринскиот секс го намалува нивото на хормонот кортизол (стрес хормон), кој го зголемува ризикот од инфаркт и ги суши крвните садови.

Го зајакнува имунитетот
Производството на имуноглобулинот А е поголемо за време на утринскиот секс, отколку во било кое друго време од денот. Имуноглобулин А се антитела кои служат за одбрана на организмот од инфекции, а луѓето кои редовно водат љубов наутро имаат и до 30% поголемо ниво на имуноглобулин А во крвта. Ова го тврди истражувањето спроведено од Универзитетот Вилкс.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.