MKDNews.com

Успешно полетување на првиот соларен авион (видео)

јули 07
15:59 2013

Експерименталниот авион со име „Солар Импулс“, кој се напојува и движи само од сончева енегија, утрово успешно го заврши својот трансконтинентален лет над територијата на САД, а пробната патека беше од Вашингтон до Њујорк.

„Солар Импулс“ го започна летот на 3 мај од Сан Франциско, на пацифичкиот брег на САД, и по повеќе од два месеци, на 6 јули во 23:09 часот по локлано време (7 јули во 5:09 часот по средноевропско време) пристигна на другиот крај на земјата, на брегот на Атланскиот Окен во Њујорк.

coslog-solar3.blocks_desktop_mediumЛетот беше успешно спроведен до крај, иако во последната етапа беше забележано оштетување на долната страна од левото крило на леталото.

Авионот, произведен во Швајцарија, и со распон на крилата од 63 метри, како кај еден „Боинг-747“, но тежи само 1.600 килограми. Леталото има четири мотори со моќност од по 10 коњски сили, кои се напојуваат од литиумски акумулатор тежок 400 килограми. Акумулаторот се полни преку 2.000 фотоелементи распоредени на крилата на авионот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.