MKDNews.com

Уште двајца Македонци непожелни во Грција

јули 22
18:21 2013

По случајот со враќањето на Ѓорѓија Атанасовски од македонско-грчката граница, минатата недела уште на најмалку двајца македонски државјани не им било дозволено да влезат во Грција и покрај уредните документи што ги поседувале.

На нивните прашања зошто не им се дозволува влез во Грција, како што пренесува Нетпрес, грчките гранични служби им рекле дека се внесени во регистарот на непожелни лица во Грција и оти на граничните службеници така им било соопштено од Атина, каде што се води регистарот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment