MKDNews.com

Уловил риба стара 200 години (фото)

јули 06
19:02 2013

Американецот Хенри Либмен на Аљаска уловил риба стара 200 години, рекорден улов кој налути голем број активисти за заштита на правата на животните.

Либмен рибата со необичен изглед на уловил на отворено море во заливот Ситка. Станува збор за примерок од „sebastes borealis“, риба која ја проголтала јадицата на длабочина од 270 метри.

-Веднаш забележав дека е абнормално голема, но сфатив дека е нов рекорд откако го погледнав прирачникот кој го имаме на бродот, изјавил Либмен.

Чудната риба е долга еден метар, тежи околу 20 килограми, а пратена е на анализа во Министерството за лов и риболов на Аљаска.

По првите тестови, експертите утврдиле дека рибата е стара најмалку 2 века, што претставува нов рекорд. Претходниот рекорд го држеше риба стара 175 години.

Доколку староста на рибата биде потврдено, таа ќе биде постара и од државата Аљаска која им припадна на САД во 1867 година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.