Убиени 42 деца и нивните наставници во Нигерија
При напад на припадници на исламистичкото милитантно движење Боко Харам врз средно училиште во североисточната нигериска држава Јобе се убиени најмалку 42 деца и неколку наставници.
Според претставник на нигериските безбедносни сили, напаѓачите пред зори подметнале пожар во делот од зградата на училиштето каде што се наоѓал интернатот со спалните соби за учениците, по што пукале врз секој што ќе се обидел да излезе од опожарениот објект.
Дел од преживеаните изјавиле дека некои од децата живи изгореле во запалената зграда.
При напади на припадници на Боко Харам од 2009 година, па досега, загинале над 3.000 лица.
Движењето Боко Харам се залага за создавање на независна исламистичка држава на северот од Нигерија.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment