MKDNews.com

Убавата Симона ќе се бори за титулата „Мис на Македонија-2013 (фото)

јули 29
05:18 2013

На полуфиналниот избор за „Мис на Македонија-2013“ што се одржа во клубот Стефано во Кичево, во конкуренција беа 10 девојки од речиси сите градови во земјава.

Во изедначена борба Симона Станкоска матурантка од Скопје ја освои титулата Мис на Македонија 2013 од полуфиналната вечер во Кичево.

Нејзини придружнички беа тетовчанките Ана Трајкоска прва придружничка и Христина Димитриевска втора придружничка.

Моника Кочовска од Гевгелија ја освои титулата Мис фотогеничност, а како најшармантна беше прогласена крушевчанката Душица Ристиќ.

Трите најдобро пласирани на полуфиналниот избор во Кичево се изборија за директно учество на финалната вечер„ Мис на Македонија-2013“ што ќе се одржи во Дојран кон средината на Август.
Simona-
kicevo.mk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.