Уапсените танчерки од Србија имале богат бакшиж (видео)
Полицијата синоќа упадна во повеќе тетовски ноќни клубови затекнати се странски државјанки за кои постојат сомненија дека работеле како стриптизети и проститутки.
Танчерки и келнерки од Србија, со легален влез во Македонија, но без дозвола за работа, биле собрани од ноќен локал и од хотел во Тетово, со богат бакшиж, полни платежни картички и девизи и денари во готово. Парите се најдени во становите во кои престојувале и се запленети од полицијата. По спроведената постапка, на атрактивните девојки им е забранет влез во државава.
Рецепцијата на хотелот била вооружена, бидејќи полицијата нашла пиштол и муниција. Против сопственико на оружјето Б. М. од Тетово, полицијата поднела кривична пријава. Полицијата најавува дека ќе се задржи подолго на оваа истрага.
Во Бабилон најдени се пет девојки од Србија кои работеле како танчерки и келнерки, а во угостителскиот објект хотел Динамика пронајдена е една девојка исто така од Србија кај која се пронајдени и одземени 90.400 денари, 150 швајцарски франци и 80 евра. Во угостителскиот објект Бабилон пронајдени и одземени се кутии за пари-бакшиш со испишани имиња на девојките (на секоја од кутиите) во кои имало околу 20.000 денари. При извршениот претрес во хотелот Динамика, во рецепцијата на хотелот пронајден е и еден пиштол со калибар 8 мм со 3 куршуми без дозвола и истиот е одземен, соопштува МВР.
Утврдено е дека странските државјанки легално влегле во Македонија и против нив ќе биде изречена мерка забрана за влез во државата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment