MKDNews.com

Уапсени тројца наркозависници,краделе по скопските клиники (видео)

јули 18
15:24 2013

Тројца скопјани, наводно зависници од дрога, кои примале метадонска терапија на клиничкиот центар во Скопје, завчера биле уапсени откако полицијата ги фатила како крадат во кругот на болницата.

На 16.07.2013 г. Канцеларијата за криминалистички работи од ПС Аеродром, поради сомнение за сторено кривично дело ги приведе лицата А.С.(36), З.П.(47) и Д.С.(43) тројцата од Скопје осомничени за „кражба“ казниво по член 235 и 236 од КЗ на Република Македонија.

Имено лицата се затечени во близина на Клиничкиот центар во Скопје каде што примаат метадонска терапија и при извршениот преглед на лицата од страна на полициските службеници пронајдени се клучеви од ПМВ, плочка од Авторадио со ЦД во футрола, очила за сонце и лични документи на име од друго лице при што лицата се приведени во ПС Аеродром. По обавениот разговор со нив утврдено е дека З.П. и Д.С. искористиле згодна прилика при што од стол во библиотеката на Клиничкиот центар додека Д.С. му го одвлекувал вниманието на докторот кој бил во просторијата, З.П. украл една женска чанта оставена на едно столче по што заедно ја напуштиле просторијата и незабележани од никого излегле од објектот да го чекаат А.С.

Во меѓувреме, З.П. од украдената чанта задржал само клучеви од ПМВ со кои пробал да го најде возилото, но не успеал во тоа, по што му ја дал чантата на А.С., кој под изговор дека случајно ја пронашол, ја оставил на портирницата од Клиничкиот центар.

Пријавените по настанот продолжиле да се движат по паркингот на Клиничкиот центар при што во еден момент лицето А.С. се одделил од групата и од ПМВ „Форд Мондео“, користејќи згодна прилика, преку отворениот прозорец ги одземал предметите пронајдени при прегледот и се обидел со украдените банкарски картички од банкомат да извади пари, но неуспеал во својата намера. Лицата од извршените кривични дела се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Од страна на ККР Аеродром, пронајдените предмети со потврда за вратени предмети се вратени на сопствениците. Се превземаат мерки за докажување на инволвираност на лицата за сторени и други кривични дела.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.