MKDNews.com

Уапсени 32 странци на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад

јули 15
20:38 2013

Триесет и двајца странски државјани се уапсени за време на музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, од кои двајца се задржани во притвор под сомнение за неовластено поседување на опојни дроги, јавува српскиот портал „Телеграф.рс“.

Во 153 полициски претреси се запленети извесни количества на различни наркотици.

– Полицијата задржа и десет државјани на Република Србија, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело, неовластено произведување и продажба на опојни дроги – соопшти полицијата од Нови Сад.

Во соопштението се наведува дека се евидентирани три разбојништва извршени над тројца странски државјани.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.