MKDNews.com

Уапсена Генерал Мими – жената што ја измами пола Македонија

јули 14
06:26 2013

Триесет и четиригодишната жена од Скопје позната како „Генерал Мими“ е уапсена од страна на македонската полиција, пренесува Пресс24.

Таа на граѓаните им ветувала вработување во НАТО, како и големи бизниси поврзани со претставништва на алијансата во регионот, се претставувала како шефица во базата Бондстил и измамила поголем број македонски државјани.

Измамените ги праќала во бутикот „Битцијани“ да се облечат во скапи костуми за добро да изгледале на бизнис-состаноците што никогаш не се случувале.

На поплаките реагирал дури и Генреалниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен. Тој преку својот амбасадор Дирек Бренгелман, кој минатата недела беше во Македонија директно им кажал на македонските власти дека жена измамничка го злоупотребува името на алијансата. „Генреал Мими“ била веднаш уапсена. Се уште не се знае колкумина точно се вплеткале во нејзината измамничка мрежа.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment