MKDNews.com

Уапсен италијанскиот Ескобар (видео)

јули 07
08:02 2013

Колумбиската полиција соопшти дека го уапсила Роберто Панунци, „најбараниот европски трговец со дрога“, шеф на италијанската калабриска мафија, кој, како што се верува, месечно во Европа внесувал два тони кокаин, пренесува Би-Би-Си

Панунци, кого уште го нарекуваат и „италијански Пабло Ескобар“, бил фатен во центарот на Богота, тврдат колумбиските власти.Тој е во бегство од 2010 година, кога успеа да побегне од болница во Рим каде примал лекарска помош за затвореници.

Италијанското обвинителство го гонеше за воспоставување прекуатлантска трговија со кокаин меѓу Италија и Колумбија.Се верува дека Панунци е на чело на калабриската мафија, позната под името Н`драгеда, која внесувала во Европа околу два тони кокаин месечно.

h_50908392Во апсењето помогнала и американската полиција, соопштило колумбиското министерство за одбрана.Од таму додаваат дека Панунци во моментот на апсењето имал лажни венецуелски документи на име Силвано Мартино.

Панунци во Колумбија прв пат беше уаспен во 1994 година, но беше пуштен откако му истече мерката притвор.Втор пат е уапсен во 2004 година и тогаш е осуден, а во 2010 година успеа да организира бегство од римската болница каде му беше пружана помош поради проблеми со срцето.

Италијанските власти ја нарекуваа Н`драгеда „најопасен и најдобро организиран криминален синдикат“ кој во Италија го превзеде приматот од злогласната Сицилијанска мафија и на тој начин стана една од најголемите светски криминални организации.

h_50908393Од фотографиите и видеото од апсењето, се гледа дека ниту сега не е многу загрижен од апсењето.

За италијанските власти ова негова мафија е меѓу најопасните и со најдобро организиран криминален синдикат. Преземајќи го приматот од Сицилијанската мафија, Н`дрангета беше дело на анализа и на Европол кој стравува дека сега, со економската криза во ЕУ, мафијата многу лесно влегува во чесните бизниси за да си ги испере парите.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.