MKDNews.com

Турново елиминирано од Хајдук (видео)

јули 25
20:42 2013

Фудбалерите на Турново не успеаја да го минат сплитски Хајдук во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако реваншот во Скопје заврши со резултат од 1:1.
Хајдук поведе во 60 минута со голот на Мијо Цакташ по една соло акција, но и по грешка на одбраната на Турново.

Надеж на Турновци им даде резервистот Сашко Пандев, кој стрелаше прецизно во 70 минута.

По изедначувањето Турново вршеше притисок, а двете најголеми шанси ги пропушти Блажевски во 75 минута, кога два пати изби сам пред голманот на Хајдук, Калиниќ, но не успеа да реализира.

Хајдук во првиот меч во Сплит славеше со 2:1, што се покажа за доволно за да мине во наредната рунда од оваа натпреварување.

Со ова сите четири македонски клубови се елиминирани од европските натпреварувања, а во 10 натпревари забележаа само четири нереши средби и шест порази.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment