Тројца повредени во верижен судир во скопска Автокоманда (Фото)
јули 02
15:34
2013
Три лица се повредени во сообраќајка која изутринава се случи на булеварот „Александар Македонски“ во скопска Автокоманда.
Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „мерцедес“, „фиат пунто“ и товарно моторно возило.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар, а како што информираат од МВР, сè уште трае увидот на местото на настанот.
Несреќата се случила откако автомобил „мерцедес“, „фиат пунто“ и товарно моторно возило се судриле, по што на клучката кај хотелот „Континентал“ настана вистински хаос.
фото:Телеграф.мк
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment