MKDNews.com

Три години затвор за Бучковски и Стамболиски

јули 01
13:38 2013

Поранешниот министер за одбрана и поранешниот началник на ГШ се виновни за злоупотреба на службената положба.

Виновни за злоупотреба на службената положба и овластувања –ваква пресуда донесе Кривичниот суд за сите обвинети во случајот „Тенковски делови“.

Владо Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот Методија Стамболиски добија по три години затворска казна. Три години затвор Судот пресуди и за Митре Петковски, директорот на МЗТ ФОП. Останатите обвинети, поранешниот логистичар Нелко Менкиновски и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана Ацо Ѓурчевски добија по две години затворска казна.

– Кога ја укина пресудата, Апелацискиот суд даде насоки што во превод значеа ослободителна пресуда. Судијата немаше храброст, нема ниту еден доказ што може да се искористи во нејзината одлука. Очигледно продолжува тенденцијата судиите да се додворуваат на авторитетите на власта. Убеден сум дека оваа пресуда ќе падне на Аплацискиот суд –изјави Бучковски по соопштувањето на пресудата.

Излегувајќи од судница, генералот Стамболиски гласно коментираше дека очекувал ваква пресуда. Неговата одбрана, пак, вели дека пресудата е скандалозна.

– Постојат писмени докази што ја негираат неговата одговорност, но Судот и обвинителството ги ставија ‘под тепих’ тие докази, а тоа се важни докази настанати во 2001 година –изјави Трајче Китановски адвокат на Стамболиски.

Бучковски се товари за злоупотреби при набавка во времето кога беше министер за одбрана.

Вкупната вредност за која обвинетите го оштетиле Министерството за одбрана изнесува два милиона евра. Според пресудата, обвинетите солидарно ќе треба да ја надоместат предизвиканата штета.

Судот ги упати обвинетите на жалба на одлуката во рок од 15 дена.

Ова е втора првостепена одлука откако Апелацискиот суд ја имаше укинато првата и ја врати на ново судење.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.