MKDNews.com

Трагедија во Охрид: Изгореа мајка и бебе (видео)

јули 11
16:45 2013

Во пожар во близина на охридската болница Свети Еразмо, утринава избувнал пожар во барака во кој изгореле мајка и бебе.

Во силен пожар кој избувнал утрово пред 6 часот во импровизираната колиба во месноста Чекоштина неофицијално изгоре мајката Флора и нејзината тримесечна ќерка.

Детето и било вонбрачно и живееле сами на ридот во дрвената колиба. Пожарот го пријавил вработен во бензинската пумпа во непосредна близина, забележувајќи ги облаците од чад на ридот.

Противпожарната единица веднаш интервенирала со две возила и осум пожарникари. Поради непристапниот терен користеле црева за дотур на вода. Прво го пронашле јагленисаното тело на мајката, а во соседната соба на креветот и мртвото бебе.

– Се упатив на лице место при пребарување на самиот објект најдено е бебето на каучот во импровизираната детска соба – изјави Спасе Прентоски, командир на Противпожарна единица Охрид.

И двете спиеле кога се запалила колибата. Првичните претпоставки се дека пожарот избувнал од печката на дрва во детската соба, со која мајката се обидувала да го стопли бебето во ладните ноќи. Огнот набрзо се проширил и ја зафатил целата барака, изградена од иверица и лесонит.

– Тука за осветлување користат свеќи, нема електрична струја, нема ни вода ни инфраструктура, се е импровизирано. Ова е токму поради тоа случено, мене ми е жал што е вака – додава Прентоски.

Во колибата немало ни вода ни струја, тие живееле на свеќи. Во изминативе две години пожарникарите неколкупати гаснеле пожар во истата барака.

Во тек е идентификација на телата на настраданите а по наредба на истражен судија ќе биде извршена и обдукција.

http://www.youtube.com/watch?v=IAYRQxRg3A8&feature=em-uploademail

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment